logo24ГОБЕКС ПЛУС Скопје е официјален претставник за Македонија на “ВЛАСИНА ПЕЛЕТ” Р.Србија производител на висококвалитетни пелети направени од бука без кора.Фирмата применува европски стандарди за квалитет и вложува напор во насока кон обезбедување на стандардно квалитетни суровини што овозможува производство на пелети со висока енергетска вредност (над 5kw/kг) при согорување и мал процент на остаток на пепел (под 0,7%).

Пелетите можат да горат во обична печка и камини на цврсто гориво, но најефикасно се користат во специјални котли за пелети, кои имаат голем степен на автоматизација и висок коефициент на корисно дејство скоро исто како кај котлите на струја и гас.

ГОБЕКС ПЛУС Скопје Ви нуди комплетно автоматизирани котли и бренери на најдобриот македонски производител “WATTMAC” Скопје.

ПРОДАЖБА

Вршиме бесплатна достава до Вашиот објект на пелети паковани во вреќи од 15кг за 24 часа од Вашата порачка. Нудиме : поволност за купување на поголеми количини, пониска вонсезонска цена со транспорт и можност за чување во нашето складиште и испорака според Вашите потреби.

КВАЛИТЕТ

Пелетите се со пречник 6мм и должина до 34мм пакувани во вреќи од 15кг. Исполнуваат DIN 51731 стандард за квалитет . Имаат : калориска вредност 19,5МЈ/кг (5,5kw/кг), влажност под 8% пепел помалку од 0,8%, 100% природна пилевина од бука без хемиски и други додатоци.

Трошоци на греење (преглед на цени) за објект со површина  200м2 за грејна сезона

Врста нагреење Искористувањена енергијата Потребнаколичина Единечнамера Цена по един.мера ТрошокЕУР
Јаглен брикетиран 55% 13,00 t 100€ 1.300€
Дрва 55 – 60% 39,34 м3 50€ 1.967€
Нафта 40% 4.500 l 0,88€ 3.960€
Електричнаенергија 100% 36.400 kw/h 0,11€ 4.000€
Дрвени пелети 95% 6,50 t 210€ 1.365€

ПЕЛЕТИimg-0005

Пелети направени од дрвена маса се еколошко и многу перспективно

гориво кое се користи за греење. Се употребува во котли и печки за греење со пелети и нуди многу предности во однос на постоечките горива ( дрва, нафта, електрична енергија, гас ) :

  1. Висока калориска вредност

Калориската вредност на дрвените пелети се движи од 4,3-5,5 kw/кг .

Најквалитетни се пелети направени од бука без кора со калориска вредност над 5,0 kw/кг и процент на искористеност над 95% кои речиси целосно согоруваат.За споредба огревното дрво има калориска вредност 3,44kw/кг.

  1. Мал остаток на пепел

Остатокот на пепел по нивното согорување се движи од 1%-5%. Квалитетени пелети имаат под 1% остаток на пепел што овозможува многу поретко чистење на печките и котлите.

  1. Ниска содржина на влажност

Пелетите имаат ниска содржина на влажност под 8% што овозможува да согоруваат со многу висока ефикасност.

  1. Поефтин извор на енергија

Еден тон дрвени пелети заменува 6 кубика огревно дрво, а зафаќа 1м2 сместувачки простор.

Еден кг пелети заменуваат :

  • 0,55 л нафта за домаќинство
  • 0,49 м3 земјен гас
  • 0,80 л плин
  • 0,85 кг брикетиран јаглен
  1. Заштита на животната средина

Пелетите се обновливо и еколошки многу прифатливо гориво. Од големо значење е намалувањето на зависноста од нафта, гас, пропан и сите необновливи фосилни горива кои се користат за греење.